MK I EN I SH
 
 
Вести
Dostapni e-spisanija na SAGE za clenkite na MEB:
http://online.sagepub.com/

Dostapni e-spisanija na Oxford Journals za clenkite na MEB:
http://www.oxfordjournals.org/

Креативна настава и учење, Метаморфозис и МЕБ
Презентации на бази на научни трудови и електронски ресурси


Во периодот од 23 до 30.10.2006 г. на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ќе се одржат неколку презентации на базите на научни трудови и електронски ресурси достапни преку фондацијата „Електронски информации за библиотеки – eIFL“. Презентациите се организираат во рамките на проектот Креативна настава и учење на Фондацијата институт отворено општество – Македонија, финансиски поддржан од страна на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).

Презентациите ќе ги водат г. Миодраг Дадасовиќ од Националната и универзитетска библиотека - Скопје и МЕБ и г-а Јорданка Петрушевска од Фондацијата „Метаморфозис“, Скопје.

Презентациите истовремено ќе овозможат и дискусија околу можностите за поуспешнo искористување на базите на eIFL како и за можните проблеми и предизвици.

Распоред на презентациите
Датум Час Локација Просторија
23.10.2006 10:00 Филозофски факултет - Скопје Сала за седници
25.10.2006 09:30 Педагошки факултет - Скопје Лабораторија по информатика 221
25.10.2006 13:00 Природно-математички факултет - Скопје Голем физички амфитеатар
26.10.2006 12:00 Педагошки факултет – Штип Прва училница, реновиран дел од факултетот
31.10.2006 12:00 Педагошки факултет - Битола

Промена на EBSCO домејнот
Наскоро ке настане промена на домејнот на EBSCO за пристап кон базите за пребарување.
Намсто адресата http://search.epnet.com ќе треба да се вметне http://search.ebscohost.com

Годишно собрание на МЕБ
На 23.11.2005 година, во просториите на Националната и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” – Скопје, ќе се одржи Годишното собране на МЕБ.
Се очекува на Собранието да учествуваат сите библиотеки – членки на МЕБ.
Почеток: 12.00 ч., Мала сала.

Презентација на EBSCO
На 28.11.2005 година, во просториите на Националната и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” – Скопје, ќе се одржи Презентација на EBSCO базите на податоци.
На презентацијата ќе бидат претставени најновите информации за сервисот, начинот на пријава, како и начинот на пребарување на базите на податоци на EBSCO.
На презентацијата се очекува да учествуваат библиотеки – членки на МЕБ од регионот на градот Скопје, како и претставници на универзитетите во Скопје и Тетово.
Почеток: 12.00 ч., Центар за обука.


eIFL-Новини - ЈАНУАРИ-ФЕВРУАРИ 2005
Средба на Советодавниот Одбор


Шестата средба на Советодавниот одбор се одржа во Лондон од 7-9 Јануари. Во оваа прилика беше разгледуван планот на eIFL за 2005-2007 година и најмногу внимание беше посветено на новите програми подготвени од eIFL како Open Access (Слободен достап) и Intellectual Property Rights (Права на интелектуалната сопственост). Исто така, задоволство ни е да најавиме дека eIFL и понатаму ќе продолжи да ја развива изградбата на својот конзорциум и сервисите во врска со него. Покрај тоа, eIFL ќе поттикнува уште поголемо географско проширување и соработка со инцијативите со слична намена.
 
Содржините од средбата на Одборот наскоро ке бидат достапни на 
http://www.eifl.net/members/members_board.html.

Поради промена на хостот на нашата веб страница, истата не беше ажурирана. Новте информации, вклучувајќи ги и содржините од нашиот последен состанок на Советодавниот Одбор, ќе ви бидат на располагање најмногу за период од една седмица.

Најава за новите eIFL сервиси: започнување со сервисот за интелектуална соственост и стратегијата за Слободен достап (Intelectual Property and Open Access)
Од сега, па натаму eIFL најмногу ќе го насочи делувањето околу овие два сервиси.

Започнување на Intellectual Property сервисот
Задоволство ни е да го најавиме почетокот на новиот eIFL-IP сервис што ќе се сконцентрира на застапување за пристап до информација од областа на авторските права и сличните теми. Денес правата на интелектуална соственост се многу важни на меѓународниот план така што зголемувањето на притисокот е проследено со поголема заштита на интелектуалните права, што пак придонесува достапот до информацијата, наставните, образовните материјали и културни извори да биде поограничен. Со овој сегашен тренд интересите на библиотеките може да бидат донекаде нарушени, па како резултат на тоа, eIFL-IP сервисот ќе настојува да формира обемност и стручност од eIFL.net здружението на библиотеки во областа на интелектуална соственост со обезбедување средства, извори и совети од специјалисти. Раководител на проектот на овој нов eIFL сервис ќе биде Тереса Хакет, библиотекар со искуство во правните информативни изданија. Веб страницата на eIFL-IP ќе биде потполно во функција наскоро на следнава адреса.
http://www.eifl.net/services/services_IP.html

Стратегија за слободен достап (Open Access Strategy)
Како што им е познато на многу од вас, eIFL работеше непосредно на проектот Слободен достап на Институтот Отворено Општество во последните три години. Задоволство ни е да објавиме дека ја формализиравме оваа соработка и дека програмот eIFL Слободен достап ќе зпочне во 2005 година. Во текот на овој Програм, повик за учество ќе биде доделен за оние земји, членки на eIFL, кои би скале да го промовираат овој проект пошироко во рамките на својата земја. Избраните земји ќе работат со eIFL за да одржат работилници за Слободен достап слични на онаа одржана во Јужна Африка минатиот јули.
Работилниците потоа, ќе бидат проследени со помош во конституирање на институнационални ризници во водечки научни институции во рамките на земјата. Покрај тоа водичите и прирачниците што ги изработи Институтот Отворено Општество врз основа на Проектот Слободен достап ќе бидат адаптирани за употреба во земјите членки на eIFL. Повеќе детали околу Програмот и Повикот за учество ќе бидат објавени во февруари. Веб страницата на eIFL-OA ќе биде потполно во функција наскоро на следнава адреса:
http://www.eifl.net/services/services_open.html

Ажурирање од нова содржина
Потпишан договор со Integrum Techno

Минатиот ноември eIFL потпиша договор со Integrum Techno со што им се овозможи на земјите, членки на eIFL, онлајн достап до неговите 22 бази на податоци од областа на средства за масовна комуникација, референтни книги, списанија од областа на општествените науки и многу други по екстремно ниски цени. За повеќе информации околу овој договор ве молиме да се обратите на: http://www.eifl.net/services/services_russian.html.
Повеќе информации за Integrum Techno може да добиете на : http://www.integrum.ru/.

Договор ќе биде потпишан со Oxford University Press (OUP) списанија:
По добиената можност за слободен достап на околу 170 списанија од Oxford University Press од неколку области на крајот од 2004 година, eIFL има задоволство да најави дека договор со OUP ќе биде потпишан на крајот од јануари. Цените веќе ви беа соопштени на сите.

eIFL е во фаза на склучување договор со Gale Publishing.
eIFL планира да потпише договор со Gale Publishing со што ќе им се овозможи на членките на eIFL да добијат достап до шест бази на податоци. Правниците ги финализираат одредбите во договорот, а цените веќе ви беа соопштени на сите.

Финална фаза на преговорите на eIFL со Emerald Publishing
На крај но не и најмалку важно, eIFL е на добар пат да склучи договор со Emerald Publishing. Вие ќе бидете потполно информирани за развојот на настаните во наредните месеци. Како што сите знаете, eIFL е исто така вклучен во разговори со Economist Intelegence Unit, Wiley Publishing, Проектот MUSE од Универзитетот Johns Hopkins и проектот EUCLID од Универзитетот Cornell. Последниот проект е насочен кон овозможувањето на дистрибуција на списанија од областа на сатистиката и математиката.

Добредојде на новите координатори!
eIFL би сакал да им посака добредојде на новиот координатор од Киргизстан, Саниа Баталова, главен библиотекар на Американскиот Универзитет и Чарлс Лунгу, универзитетски библиотекар од Копелбер Универзитетот, кој ќе биде новиот координатор на Замбиа.

Новини од Open Access и Корисни Ресусри
Интернет Архива (Internet Archive)

Минатиот Декември група од меѓународни библиотеки и Internet Archive се согласија на соработување за изградба на Слободен Достап на Текст Архиви (Open Access Text Archives). Оваа иницијатива се обидува да обезбеди слободен достап до преку миллион книги на различни јазици и досега библиотеките од Универзитетот во Торонто, Универзитетот McMaster и Универзитетот во Отава во Канада; Унивезитетот Carnagie Mellon и Проектот One Million Book и Проектот на Конгресната библиотека-Американски спомени во САД; Bibliotheca Alexandrina во Египет; библиотеките од Индискиот Институт за Наука и Меѓународниот институт за Информативна технологија во Индија; Универзитетот Zhejiang во Кина и Европскиот Архив во Холандија се обврзаа да земат учество во овој проект. За дополнителни информации, ве молиме пристапете на http://www.archive.org/iathreads/post-view.php?id=25361.
Сите библиотеки и архиви се повикуваат да се придружат на оваа слободна асоцијација што ќе значи и значаен чекор кон обемен, јавен и слободен достап до книги.

Science Commons ќе биде активиран во почетокот на 2005.
Creative Commons официјално го активира својот нов проект Science Commons во Јануари 2005. Science Commons ќе ги насочи стручните и правосилните механизми за да ги отстрани препреките што ја оневозможуваат размената на научната информација, на тој начин што обезбедува Open Access (Слободен достап) алтернативи за научниците, универзитетите и индустријата. Ве молиме прочитајте ги дополнителните детали на:
http://www.biomedcentral.com/openaccess/archive/?page=features&issue=23.      

Biomed Central издава новина на Open Access
Biomed Central, издадено од Biomed Central, е месечна новина која ги информира истражувачите од областа на природните науки за изданијата вклучени во издаваштвото на Open Access. Серии од кратки водичи за учесници, подржувачи и технички термини релевантни за издаваштвото на Open Access. “Кој, Што и Како” ќе им помогне на читателите да се информираат за светот на Open Access. Подетални информации ќе најдете на:
http://www.biomedcentral.com/openaccess/.

Слободни MARC записи достапни за Open Access Journals
Истражувачкиот тим COPPUL за секого кој има достап на Интернет стави на располагање кратки MARC записи за повеќе големи колекции на списанија со слободен достап со можност за бесплатно користење. Дополнителни информации околу овие можности, слободно достапните списанија и други достапни бесплатни колекции може да се најдат на:
http://lib-cufts.lib.sfu.ca/CUFTS/cufts2marc-list.cgi.

Бесплатни едукативни материјали преку Connexions:
Conexxions е заедничка иницијатива за достап до информации од областа на авторството, предавањето и учењето со цел да овозможи проток на информација, курсеви и модули бесплатни и достапни за секого. Connexions финкционира на меѓународно ниво и помага ширум светот, во институционалните заедници на авторите, наставниците и студентите кои сакаат да поделат електронски материјали за курсеви со можност да се адаптираат за различни начини на учење и потреби. Ве молиме прочитајте повеќе за оваа интересна иницијатива на: http://cnx.rice.edu/

The Charleston Advisor бесплатни прегледи
The Charlston Advisor нуди голем број на бесплатни прегледи на web продукти за информациски специјалисти. За да го прочитате изданието од јануари 2005 ве молиме одете на: http://charlestonco.com/.

Декларација на Шкотска за Open Access
Минатиот октомври група на Шкотски универзитети, донирачки организации и политичари потпишаа декларација утврдувајќи ги главните принципи на слободен достап до научна и истражувачка литература, со тоа поттикнувајќи го извршувањето на национално ниво за слободен и целосен достап до образовна информација. За дополнителни информации, ве молиме погледајте на: http://eprints.rclis.org/archive/00002953 

Норвешки договор за Open Access
Норвешка на национално ниво направи договор за Open Access. Сите универзитети, политехнички научни институти и болници во замјата станаа членки на Biomed Central миннатиот октомври. Норвешката одлука е уште една идеја за развивање на слободниот достап за сите биомедицински истражувања. Подетални информации прочитајте на: http://www.library.yale.edu/~llicense/ListArchives/0410/msg00090.html.

Универзитетот Southampton започна со Open Access
Универзитетот Southampton овозможи слободен достап на својата веб страница до сите академски и научни истражувања. Покрај тоа, Универзитетот ќе организира бесплатни работилници за други академски институции со намера да направи слична размена. За дополнители информации, ве молиме обратете се на:
http://www.theregister.co.uk/2005/01/10/southampton_academic_research

Објавен повикот на UNESCO за предлози
UNESCO-виот IFAP(Информација за секоја програма) неодамна го објави повикот за предлози за финансирање на национални и меѓународни проекти кои спаѓаат во едно од следниве подрачја; информациска писменост, заштита на информација; и етички, правни и општествени импликации на информативното општество. Кандидатите за проектот треба да пополнат формулари за аплицирање кои можат да се најдат на:
http://www.unesco.org/cgi-bin/webworld/ifapprojects/cgi/page.cgi?d=1,
kаде се дадени и деталите за поднесување на апликациите. Краен рок е 20 февруари 2005.

Настани во јануари-февруари 2005
-Од 7- до 9 јануари, Советодавниот одбор на eIFL одржа средба во Лондон за да го разгледа стратешкиот план за периодот 2005-2007.

- Од 14 до 18 јануари, Рима Кјуприт присуствуваше на Зимската Средба на Американската Библиотечна Асоцијација (ALA) во Бостон.

- На 19 Јануари, Моника Шегберт и Мелиса Хагеман разговараше со SURF и членовите од заедницата на холандската библиотека околу активностите за соработка за и со eIFL здружението.

- Од 1 до 6 февруари, Моника Шегберт ќе присуствува во Египет на Симпозиумот Научно Општество во врска со проширувањето на eIFL во земјите од Средниот Исток.

- Од 3 до 4 февруари, раководителот на проектот eIFL-IP, Тереса Хакет ќе присуствува на средбата “Достап до Наука” во Женева , каде предложениот WIPO достап до Knowledge Treaty (Договор за наука) ќе биде дискутиран. На оваа средба ќе присуствуваат и одреден број на делегати на WIPO и невладини организации.

- Од 9 до 11 февруари, Рима Кјуприт и Хани Сандер ќе се сретнат со eIFL, INASP, INSTI-CSIR и SIST подржувачи во Акра со намера да дискутираат како овие иницијативи можат подобро да се координираат со цел да се зголемат бенефициите на Конзорциумот на Академски и Научни Библиотеки од Гана (CARLIGH) и останатите од здружението.

- На 16 февруари, Билјана Косановиќ, член на Советодавниот одбор на eIFL, ќе ја посети Македонија за да дискутира околу следните чекори на Конзорциумот во оваа земја.

- Од 17 до 19 февруари, работилницата -Образовна комуникација на слободен достап, што беше најавена за минатиот декември во Украина, конечно ќе се одржи.

- Од 21 до 22, следува работилницата за Слободен Достап во Литванија. Програмата наскоро ќе биде достапна на нашата веб страница под секцијата Настани.

- Од 19 до 27 февруари, Моника Шегберт ќе го посети Иран заради одредување на висината на членарината за оваа земја.

- На 28 февруари, Бугарскиот Информативен конзорциум ќе одржи семинар за Слободен достап на списанија.

Во очекување да добиеме најнови информации околу активностите и случувањата во земјите членки на eIFL!

Тимот на еИФЛ


Електронски Информации за Библиотеките
Национална и универзитетска библиотека
Кооперативен онлине библиографски систем и сервиси
Фондација Институт Отворено Општество Македонија
 
МЕБ
Македонски е-Библиотеки
Веб портал за информации за вашите истражувања
Вистинско место за добивање на библиографски, фактографски, биографски, нумерички и други видови информации за природни, применети, општествени и хуманитарни науки и уметностите.
Порталот овозможува бесплатен достап до најнови информации од сите области на човековата дејност.

МеБ претставува конзорциум на Македонски библиотеки кој го координира директниот (online) пристап до ресурси на национално ниво.
На овој начин се врши промоција на нови технологии во библиотеки, владини институции и невладини организации.

Повеќе за МеБ Членство во МеБ

EBSCO Direct
МеБ овозможува бесплатен пристап до врвни електронски списанија преку EBSCO Direct
Нашите корисници може да имаат пристап до базите на податоци на EBSCO Direct, кои содржат илјадници истражувачки и други трудови, во форма на книги, списанија, конференции, фотографии, мапи и други видови информации.

Регистрирајте се EBSCO Direct за да добиете корисничко име за пристап до базите на EBSCO Direct.
Ако сте нови, прочитајте ги најчесто поставуваните прашања и одговори за EBSCO Direct. Факти за МеБ





 
Дома I Контакт